Голема е веројатноста дека досега сте слушнале за Hatsune Miku, јапонската компјутерска сензација која го освои светот на поп музиката преку ноќ.
Тимот на Вог го замоли единствениот Рикардо Тиши да создаде haute couture креација токму за неа, а тој без проблем го стори тоа.
Во моментов, таа е најпознатата и најбогата јапонска музичка ѕвезда по која лудуваат милиони фанови и постојано одржува концерти и турнеи.
Доколку заборавивме да споменеме, таа всушност е холограм, аватар кој е контролиран преку компјутерски систем каде и да се појави.
„Таа е толку кул“, вели дизајнерот додека ја гледа на екранот од неговиот Ајфон. Кон почетокот на оваа година, Miku „отпатува“ дури во Париз за да се сретне со него во неговото студио каде впрочем се одвивала пробата на креацијата.
„Креацијата има неколку слоеви тантела и малку крокодилска кожа по краевите. По површината, таа е украсена со Сваровски кристали кои не можете да ги забележите на прв поглед“, објаснува дизајнерот.
Сосема на крај од пробата, тој вели дека е лудо тоа што Јапонија е 20, 30 години пред останатиот свет.
„Во неа ја гледаме иднината на поп музиката. Многу сме возбудени кога ќе видиме дека фикцијата и реалноста се соединуваат во вакво нешто“, вели Јиројуки Ито, нејзиниот креатор.