Кој би рекол дека Амал Клуни (36) и Тејлор Свифт (24) имаат речиси идентичен стил. Очигледно дека и на двете омилен дизајнер им е Оскар де ла Рента, бидејќи повеќе пати се појавија во иста негова креација. А, ако не е негова, тогаш комбинацијата е мошне слична.
Амал (лево) од Грција на аеродромот во Лондон завчера пристигна во црно-бел фустан во дизајн на Оскар де ла Рента, додека во истиот фустан Тејлор (десно) се појави во мај месец во Њујорк.
Госпоѓата клуни овој цветен фустан, повторно со потпис на истиот дизајнер, а вреден 890 долари го носеше во септември месец во Фиренца, додека младата пејачка го носеше истиот фустан во јуни, во Њујорк.
Овој пат не се работи за ист дизајнер, но за многу слична комбинација. Амал носи црвен фустан со должина под колена и тенок ремен во кафена боја. Тејлор пак, исто така има црвен фустан, во малку поинаков крој, но исто така го комбинира со тенок, метален ремен.
Амал овој цветен фустан со доминација на жолтата боја, креација на Де ла Рента го носеше на еден сет на нејзиниот сопруг, за нова реклама за кафе, што се снимаше во август годинава. Тејлор пак, овој фустан го носеше на денот на татковците во јуни.
Ментол бојата изгледа е уште една во низата на нивни заеднички омилени нешта. Тејлор (лево) го комбинираше нејзиниот фустан со чевли во интензвина виолетова боја, додека Амал (десно) со темни отворени, рамни сандали.
Дури и кежуал комбинациите им се слични. Очигледно и на двете им се допаѓаат светли фармерки со принт во комбинација со бел топ (Амал), односно бела кошула (Тејлор).
Уште една слична комбинација во риги. Тејлор (лево) овој пат носи креација на Кејт Спејд (2012) година, додека на Амал (десно) ова издание во креација на Долче и Габана и' е од моминската забава.