Доцен Крос: Манекенството прави да се чувствувам несигурна!

29 октомври 2013

Признанието на светскиот топ модел Доцен Крос дека манекенската работа понекогаш ги прави моделите да се чувствуваат несигурни за својот изглед, не ја запре да продолжи да става фотошопирани фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.

„Понекогаш се чувствувам виновна што работам во оваа професија во која многу млади девојки се чувствуваат несигурни за својот изглед“, изјави манекенката, додавајќи дека таа воопшто не си се допаѓала без шминка и фризура и на лошо светло.

„Се будам наутро и додека се гледам на огледало си велам дека ова не е девојката што ја има во списанијата ширум светот“, вели Крос.

Последните објави и фотошопирани фотографии на моделот објавени на социјалните мрежи, сосема се различни од нејзините неодамнешни признанија.

Факторот на „вина“ не ја спречи ниту да продолжи да објавува статуси за тоа како таа е петтиот најплатен модел на светот.

Забелешките на Крос се само последни во низата на тема „Фотошоп“ во модниот свет.

Манекенката на Викторија Сикрет Ерин Хатертон, неодамна застана на страната на Фотошоп велејќи дека „Ние не продаваме реалност, ние продаваме приказна. Се е во тоа да се креира фантазија“.

Актерката Џенифер Лоренс исто така говореше за оваа неизбежна техника и тоа во позитивна конотација.

Последен скандал во кој беше вклучен Фотошоп, беше оној со актерката Кејт Винслет која се појави на ноемвриското издание на Вог, во исклучително фотошопирано издание.

02647a

Објавено:
29 октомври 2013
Категорија: 
Актуел