Неверојатната животна приказна за една од најголемите фудбалски легенди, Дејвид Векам добива свој документарец.
Документарецот, којшто ќе има четири дела, ќе биде продуциран од Netflix и ќе биде насловен едноставно Beckham.
Веќе излезе првиот трејлер, а филмот се очекува да стартува на 4-ти ноември. Од она што досега е познато е дека во документарецот ќе бидат прикажани досега невидени снимки, а животот на Бекам ќе биде прикажан без филтер.
Ќе зборуваат негови колеги фудбалери, сопругата Викторија Бекам, како и неговите родители.
Од самите почетоци, врската со Викторија, успесите и падовите во кариерата, па се до пензионирањето и фамилијарниот живот со четири деца Бекам за прв пат ќе проговори за детали кој не сме ги знаеле.
Режијата е на оскаровецот Фишер Стивенс, а продуцент е исто така оскаровец и добитни на ЕМИ Џон Батсек.
View this post on Instagram
View this post on Instagram