Долче и Габана: Ќе се одбраниме!
•
26 јуни 2013
Славните дизајнери одржаа ревија во текот на миланската недела, и покрај тоа што судот ги осуди на 20 месеци затвор поради затајување данок.
- Невини сме! Шокирани сме од пресудата на судот. Но, истовремено сме опуштени, затоа што знаеме дали сме невини. Ќе се одбрани ме – изјави Габана за „Телеграф“.
Извршувањето на судската одлука во меѓувреме е стопирано, со оглед на тоа дека Долче и Габана поднесоа желба. Но, бидејќи судот е на одмор во наредните 140 дена, нивната жалба нема да биде разгледана сѐ до крајот на годината.
Интересно е што на ревијата на Долче и Габана присуствуваше и аргентински фудбалски ас Лајонел Меси, кого исто така го чека судење поради затајување данок.