Долче и Габана привремено ги затвораат своите продавници во Милано

20 јули 2013

Во знак на протест поради осудата на 20 месеци затвор за затајување данок, дизајнерското дуо Долче и Габана три дена ќе ги стават под клуч своите изложбени салони во Милано.

“Повеќе немаме намера да го толерираме некоректниот однос на Италијанската даночна полиција и нападите од медиумите. Ова не го правиме само лично заради нас, туку и за достоинството на луѓето кои работат со нас”, велат дизајнерите за “Телеграф”.

Нивните проблеми почнаа во декември кога беа обвинети за затајување данок, а  по неколкуте судења, на крај се прогласени за виновни.

Објавено:
20 јули 2013
Категорија: 
Актуел