Џеј Зи е новиот креативен директор и дизајнер на Пума

20 јуни 2018

По Ријана, доаѓа Џеј Зи. Маркетинг тимот на брендот Пума соопшти дека по планетарно познатата пејачка, го ангажирале мултиталентираниот Џеј Зи да биде нивниот нов креативен директор и дизајнер на колекција патики.

Она што беше дополнително објавено е дека токму тој ќе му помогне на брендот да одбере и да ангажира познати кошаркари кои би биле заштитни лица на Пума.

Интересно е што раперот досега немал некоја официјална своја колекција, ниту пак бил дизајнер, иако од 1999 е сопственик на брендот Rocawear, но последните неколку години не учествува во креативниот процес.

Инаку, соработката на брендот со популарната пејачка им донесе огромна заработувачка, благодарение на нејзините шик дизајни по кои купувачите „полудеа“.

Неодамна брендот објави дека профитот на Пума во првата четвртина на 2017 – тата година се зголемил за неверојатни 92 проценти благодарение на соработката со музичката дива.

Останува да видиме дали и колекциите во соработка со раперот ќе бидат подеднакво успешни, а со оглед на неговата популарност и последните хитови со неговата сопруга, тоа е и повеќе од сигурно.

Објавено:
20 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
449 пати