Џејн Биркин е новото заштитно лице на „Сен Лоран“

30 март 2016

Кога „Сен Лоран“ првпат го претстави култното Le Smoking, Џејн Биркин имаше околу 20 години, а денес, речиси пет децении подоцна, брендот ја побара да биде нивно заштитно лице.

Биркин во младоста беше позната по провикативните фустаничиња и мини здолништа. Но, ако некој може на најдобар начин да ги претстави класичните женски одела на модната куќа денес, тоа секако е Џејн.

Хеди Слиман е мошне внимателен при изборот на познатите лица со кои соработува, така што нема сомнение дека легендарната актерка, модел и пејачка е добро промислен чекор.

Во најновата кампања, 69-годишната Џејн Биркин позира токму во Le Smoking. Фотографиите се црно-бели, што е својствено за рекламните кампањи на овој бренд. 

Објавено:
30 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
232 пати