Џејсон Момоа и Лиза Бонет се разделија по 16 години врска

13 јануари 2022

Познатиот холивудски пар, актерите Џејсон Момоа (42) и Лиза Бонет (54) објавија дека се рaзделуваат после 4 години брак и 16 години врска.

Информацијата парот ја потврди со соопштение кое беше објавено на Инстаграм профилот на Момоа, во кое се вели дека и нивното семејство не останало имуно на притисокот што го донесе новото време и сите трансформации што се случуваат.

„Оваа семејна информација ја објавуваме не затоа што сметаме дека треба да биде вест, туку затоа што продолжуваме со нашите животи со достоинство и искреност", се вели во соопштението.

Момоа и Бонет ја почнаа нивната врска во 2005 година, а стапија во брак во 2017. Нивното семејство го сочинуваат нивните две заеднички деца, Лола (14) и Накоа-Волф (13), додека Лиза од претходниот брак со Лени Кравиц ја има и ќерката Зое.

Освен тоа дека „се ослободуваат" меѓусебе, нема наведено дали постои некоја друга причина за нивната разделба.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Објавено:
13 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.668 пати