Џејсон Ву се инспирираше од Берлин за новата кампања на Бос

28 мај 2015

За следната есен, Хуго Бос создаде неверојатно софистицирани парчиња и одличен лукбук во кој во главните улоги можеме да ги видиме Иди Кемпбел и Клемент Шаберно.

Едиторијалот го снимија Инез ван Ламсверде и Винод Матадин во интересни сиви соби во кои целиот акцент е ставен на топлите парчиња од колекцијата на Бос.

„Она што е особено интересно во оваа кампања е поврзаноста на Иди и Клемент. Според мене, Иди е ИТ лицето на новата генерација, додека тој, истовремено е мажествен и неверојатно модерен. И двајцата подеднакво, во нашата кампања внесоа одлична доза на свежина“, изјави Џејсон Ву, уметнички директор на брендот.

За неговата трета кампања, Ву пронајде инспирација во Берлин, чиј луксуз и свежина се провлекува низ речиси секоја фотографија што е дел од едиторијалот.

Ова е веќе трета кампања на талентираниот дизајнер за Бос, откако се најде на местото уметнички директор на брендот пред две години со цел да ја редизајнира женската линија на брендот и од неа да направи нешто што ќе го посака секоја девојка во светот, што на крајот и се случи!

 

Објавено:
28 мај 2015
Категорија: 
Актуел