Прекрасната Џесика Алба направи одлична фотосесија за августовскиот број на британското издание на магазинот GQ.
На насловната, Џесика изгледа неверојатно секси во син едноделен костим за капење, со нежна шминка на очите, интензивен црвен кармин и секси фризура зачешлана наназад.
На другата фотографија што се наоѓа внатре во магазинот во рамки на интервјуто, Џесика носи црвен секси корсет во комбинација со три алки на раката и повторно истата шминка.
Во интервјуто, покрај другото, таа говори и за деловите од нејзиното тело што најмногу ги сака, но и за оние што воопшто не и се допаѓаат.
„Ако морам да кажам што ми се допаѓа кај мене, тоа е стомакот. Она за што не сум баш возбудена, е тоа како понекогаш изгледаат моите нозе, за кои почесто сакам да се покриени, но тоа не е случај со мојот стомак. Тоа е она што го прават жените. Го истакнуваат она што го сакаат кај себе“, вели актерката за магазинот.
Во интервјуто, таа говори и за последното продолжение на нејзиниот добро познат „Sin City: A Dame to Kill For“, за што ќе каже дека овој пат, таа се појавува многу повеќе од минатиот.
„Во ова продолжение дефинитивно ќе ме гледате повеќе. Овој пат, мојот карактер има многу повеќе сцени отколку во првиот дел. Сега има многу повеќе танцување кое што е доста поврзано со приказната на самиот филм. Ненси сега е малку подепресивна, алкохоличарка, во тотален хаос и постојано е лута. Танцот во филмот го прикажува нејзиниот карактер на вистински начин“, вели Џесика.
Официјалната премиера на второто продолжение на „Sin City: A Dame to Kill For“, се очекува да се случи на 22 август.