Џони Деп го доби судскиот спор против поранешната сопруга, актерката Амбер Херд која ја тужеше за клевета поради колумна во „Вашингтон пост" во 2018 година, во која таа го обвини за семејно насилство.
Во судскиот спор кој речиси два месеци беше шоу за јавноста, поротата донесе одлука дека обвинувањата на Херд против Деп не биле докажани, со што на актерот му додели отштета од 15 милиони долари.
За време на судскиот процес сведочеа и повеќе јавни личности, меѓу кои и Кејт Мос која застана на страната на Деп и категорично ги негираше обвинувањата дека тој ја турнал по скали за време на нивната врска.
Деп тврдеше дека со колумната во која Херд се опишува како жртва на семејно насилство, таа му ја упропастила кариерата и му го нарушила угледот, па во 2019 година поднесе тужба против неа.
Деп и Херд беа во брак 15 месеци,