Ексклузивно: Лила како кралица во розов гламур потпишан од ЕЛЕНА ЛУКА

15 август 2022

„Можеби животот не е розов, ама барем јас сум розова", напиша Лила на најновите фотографии објавени на нејзиниот Инстаграм профил на кои изгледа совршено во ексклузивна тоалета во впечатлива циклама нијанса, ремек дело на етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

„Холивудски гламур", „Совршен спој", „Идеално", „Кралица на гламурот"...се само дел од бројните комплименти упатени за стајлингот на Лила која навистина го носи гламурот на стариот Холивуд во оваа луксузна тоалета на ЕЛЕНА ЛУКА, воедно и еден од најбараните модели од нивната нова линија свечени тоалети.

Лила знае вистински да ја износи екстравагантноста што ЕЛЕНА ЛУКА ја креира и токму тоа е совршената комбинација која се покажа како успешна за нивната децениска соработка која премина во големо пријателство.

Така беше и овојпат. Вистински стилски погодок во смела розова нијанса.

Што ја прави оваа тоалета посебна, освен дамата што ја носи?

Во дизајнот на тоалетата е направен спој меѓу атрактивните модни тенденции и безвременската елеганција, комбинација која ѝ прилега на секоја дама.

Кројот е суптилен, ја следи линијата на телото и дискретно се шири во долниот дел. На оваа елеганција дополнителна авангардна нота ѝ даваат ракавите со изразени карнери, кои оваа сезона се стилски хит, а ЕЛЕНА ЛУКА ни нуди опција тоалетата да се носи со или без нив, што е одличен избор кој му дава дополнтелна функционалност на изгледот. Нагласеното деколте, корсетот со елегантни естетски финеси и голите рамена ја надополнуваат сензуалноста на овој уникатен дизајн кој никого не остава рамнодушен.

Магијата несомнено е во деталите, а ЕЛЕНА ЛУКА секогаш им посветува особено внимание, па така овој светски изглед на Лила го надополни со отмена клач чанта од нивната нова ексклузивна линија на чанти.

Гламур по светски терк.

Тоалетата освен во циклама нијанса, достапна е и во црна боја. Но, која и да ја одберете, изборот е непогрешен. Тимот на ЕЛЕНА ЛУКА ве очекува во нивните ателјеа во Скопје и Струмица.

 

Објавено:
15 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.304 пати