ЕЛЕНА ЛУКА донесе вистински моден гламур на Виенскиот бал – Вера Мештеровиќ блесна во две креации на брендот

14 мај 2023

Модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА вчеравечер донсесе вистински гламур и сјај на Виенскиот бал кој по 22. пат се одржа во Скопје, во хотелот Александар Палас.

Водителката на манифестацијата, Вера Мештеровиќ и оваа како и претходните години блесна во две ексклузивни креации на етаблираниот бренд, дизајни кои се олицетворение на гламур и величественост какви што и доликуваат на настан од ваков калибар.

Тематски синхорнизирани, а сепак секој толку посебен и магичен, двата луксузни модели што ги носеше и одлични ѝ прилегаа на прекрасната Вера Мештеровиќ, беа во фокусот на модното внимание, а притоа достојно почитувајќи го пропишаниот дрес-код на настанот.

„Се чувствувам навистина величествено благодарение на ЕЛЕНА ЛУКА и прекрасниот избор на тоалети што го напрви за мене за оваа посебна вечер. Екстравагантни, униктни и во духот на балскиот гламур, секоја жена би се почувствувала како кралица во овие креции од ЕЛЕНА ЛУКА што јас вечерва ги носам", изјави Вера пред почетокот на официјалниот дел на програмата.

Црната боја заедничка за двата модели ја симболизира безвременската елеганција, но истовремено нивниот авангарден дизајн кој им дава вонсериска отменост, е карактеристика на препознатливост и идентитет на брендот ЕЛЕНА ЛУКА.

Првата тоалета која е врв на женската сензуалност, е вистинско ремек дел во кое е ставено акцент на секој рачно изработен детаљ што му дава една неповторлива стилска димензија. Кројот ѝ ласка на женствената силуета, следејќи ја линијата на женското тело, а во задниот дел е надополнет со волумензен слој со карнери, што му ја даваат посакуваната нота на драматичност и впечатливост.

Втората тоалета е олицетворение на холивудскиот гламур во неговото најпрефинето издание. Изработен од луксузен материјал што ќе го украде вниманието на прв поглед, во елегантна линија што суптилно ја следи силуетата и повторно акцентиран со богати слоеви карнери во задниот дел што го прави неодоливо впечатлив.

Комплицираната изведба на овие величествени тоалети, која вклучува долги часови рачна изработка на која претходи еден цел креативен процес на осмилување и реализирање на нивната приказна во која женственоста и грациозноста се ставени во фокус, се совршен приказ на тоа како треба да се испочитува и во модна смисла едно случување кое има своја богата традиција и културолошко значење.

Совршена модна магија!

 

 

 

Објавено:
14 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.051 пати