Елена Лука и Лила – Љубов за љубов

9 јануари 2021

Елена Лука и Лила заедно ја започнуваат годината – Љубов за љубов!

Пријателство кое трае со години - модниот бренд Елена Лука и нашето бренд телевизиско лице Лила! Повеќе од една деценија заедно во безброј успешни приказни и проекти и вистински пример како професионалните соработници стануваат и пријатели.

Затоа, неслучајно Елена Лука и Лила заедно ја започнуваат и новата година.

Покрај тоа што Лила снимаше ексклузивен празничен едиторијал и видеа, комплетно стилизирана во Елена Лука, што наскоро ќе бидат објавени на нашиот сајт заедно со новогодишниот разговор со нашата позната и успешна водителка, таа деновиве го посети и новиот showroom на Елена Лука во Аеродром, што со својот фантастичен празничен амбиент го разубави новогодишнот дух на оваа скопска населба.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Искрено и без да штеди на зборови, Лила ги пренесе своите импресии од својата празнична посета на Елена Лука. Секако, беше стилизирана во неколку трендовски, брендирани парчиња од нашиот бренд, а една фантастична комбинација со популарната, кратка црвена монтка, ја сподели и на својот Инстаграм профил.


Она кога влегуваш со една јакна а излегуваш со друга. Ама морално беше и вас ќе ви се случи истото кога ќе дојдете, гарантирам. Кој не верува проверува !!! Новиот show room на "Eлена Лука" во Аеродром е вистинска терапија за главоболка, а и имаат огромни попусти до крајот на јануари...така што вие си знаете.

г-ѓа Елена Пандева и Лила

Во коментар ѝ врати г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на брендот.


Кралице моја. Ти благодарам што толку ја сакаш Елена Лука, а и таа те сака тебе безрезервно! 2021 – Show must go on!

На сите свои јавни настапи, интервјуа, насловни страници, како и во својот долгогодишен успешен телевизиски проект „Се или нешто" (повеќе од 270 емисии годишно), Лила на себе го носи брендот Елена Лука, заеднички создавајќи силна професионална релација и моќно модно влијание за кое сведочиме сите. Долгогодишната професионална соработка премина во нераскинливо лично пријателство помеѓу г-ѓа Елена Пандева и Лила, како две успешни и реализирани дами кои храбро се носат со сите предизвици на денешницата и меѓусебе се препознаа. Пријателство кое зборува за тоа како успешните жени може да бидат меѓусебна поддршка и совршено да функционираат и приватно и професионално.

Не се сомневаме дека ова е најава за нова заедничка, успешна година за Елена Лука и Лила.
Сè е во име на љубовта!

г-ѓа Елена Пандева и Лила

Лила стилизирана во Елена Лука

Лила стилизирана во Елена Лука

Лила стилизирана во Елена Лука

Лила стилизирана во Елена Лука

Лила стилизирана во Елена Лука

 

Објавено:
9 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.475 пати