ЕЛЕНА ЛУКА, нашиот најпознат и најдобар моден бренд се појави како поддржувач на единствената претставничка од Македонија на изборот Top Model Of The World 2024 што оваа година по јубилеен 30ти пат се одржа во Египет. Фросина Блажеска заблеска во Египет носејќи креации од ЕЛЕНА ЛУКА со што привлече големо внимание, а успеа да влезе и во првите 10 модели, а тоа е своевиден успех за Македонија на ваков престижен натпревар.
Во просториите на ЕЛЕНА ЛУКА имавме можност да поразговараме со Фросина:
"Во текот на фотосесиите претежно бев облечена во креации од ЕЛЕНА ЛУКА. Секоја вечер имаше различна организација со одредена тема, како на пример арапска вечер, диско вечер итн. за коишто исто така бев облечена во креации на ЕЛЕНА ЛУКА. Најубаво и најудобно се чувствував во креацијата што ја носев на последната генерална проба пред финалната вечер, а исто така морам да нагласам дека добив многу позитивни коментари за она што го носев." – ни изјави Фросина.
"Оваа година беше јубилеен натпревар односно 30 години од постоењето на Top Model Of The World, а локацијата беше во Египет односно првата недела во Хургада, втората и финалната во Каиро. Бевме 43 земји претставнички, а јас бев единствена од Македонија и имавме одличен резултат затоа што влеговме во топ 10." - додаде таа.
ЕЛЕНА ЛУКА ќе продолжи да ги следи и поддржува младите модни надежи и да ги претставува гордо и на домашната и на странската сцена.