ЕЛЕНА ЛУКА со спектакуларна модна ревија го најави отворањето на ексклузивниот продажен салон во Тетово

18 декември 2023

ЕЛЕНА ЛУКА вчеравечер во Тетово приреди вистински моден спектакл!

Со импресивна модна ревија, по светски стандарди, го најави отворањето на новиот ексклузивен продажен салон на одлична локација во центарот на Тетово, во трговскиот центар Ремол.
ЕЛЕНА ЛУКА уште еднаш докажа дека е бренд со безвременски квалитет, секогаш пред времето, предводник на тенденциите, а тоа го потврди и присутната публика која уживаше во една бајковита модна сказна прикажана на писта.

„Модата е универзален јазик што сите го разбираме и нѐ поврзува", изјави на официјалното отворање на новиот продажен салон, дамата која две децении поставува светски модни стандарди на домашната модна сцена, Елена Пандева – сопственик и генерален менаџер на брендот.

Раскош и убавина во своето најсовршено издание, беа прикажани преку еден совршено осмислен концепт, сместен во бајковит амбиент.

На писта продефилираа над 70 волшебни дизајнерски креации, што воодушевуваа со препознатливиот моден сензибилитет на ЕЛЕНА ЛУКА.

Гламурозни свечени тоалети, деликатни кроеви, богата рачна изработка, атрактивни и светски дизајни, вчеравечер ја креираа модната приказна која долго ќе се раскажува.

„Ви благодарем на сите што дојдовте, за мене е огромна чест што вечерва ЕЛЕНА ЛУКА започнува една нова приказна и станува дел од овој прекрасен деловен центар во Тетово. А во Тетово сме затоа што овој град ја сака ЕЛЕНА ЛУКА, со години работиме со тетовчани и морам да кажам дека тие се една профилирана публика која препознава квалитетна естетика. Навистина сум среќна што меѓу вас гледам многу долгогодишни пријатели, соработници и блиски членови на моето семејство кои секогаш се голема поддршка за мене. На моја огромна радост гледам и многу нови лица со кои сигурна сум дека ќе оствариме нови пријателства и многу успешни соработки, затоа што сите зборуваме еден заеднички јазик, а тоа е јазикот на модата", Елена ја поздрави својата многубројна публика.

Водителскиот пар на вечерта, нашето познато тв лице Ирена Спировска и актерот Исамил Касуми, ја водеа публиката низ модната сказна на ЕЛЕНА ЛУКА, а зад магичните звуци на харфа беше харфистката Мерсиха Шукри.

„Тетово оваа вечер ги слави убавината, раскошот и модната уметност или сите квалитети по кои ЕЛЕНА ЛУКА е препознатлива. Ова совршенство кое вечерва го посведочивте всушност е и најава за отворањето на новиот, а воедно и првиот продажен салон на ЕЛЕНА ЛУКА во Тетово со што овој град ќе ја добие најексклузивната модна дестинација на површина од 400 метри квадратни. Во неговиот луксузен ентериер ќе биде изложена одбрана селекција на уникатни дизајнерски парчиња што го носат неповторливиот моден израз на ЕЛЕНА ЛУКА. Од раскошни венчаници, гламурозни свечени тоалети до уникатни ready-to-wear колекции, новиот продажен салон на ЕЛЕНА ЛУКА во Тетово, ќе одговори на највисоките модни стандарди. А токму вие присутните овде вечерва, ќе имате можност први да го посетите".

Водителите ја поканија публиката на официјалното отворање на новиот продажен салон кој по сите стандарди е светски, ексклузивен и со комплетна приказна, а специјално за отворањето неговата идила беше надополнета со музички перформанс на нашата млада, а голема оперска надеж Ева Живковска придружувана од проф. Дарко Мариновски на пијано.

А своите впечатоци не ги криеја и големиот број присутни пријатели, соработници, јавни и деловни личности, кои беа во публиката.

-Знам дека вечерва ќе биде еден голем спектакл... Со Елена се знаеме долго време и сме многу добри пријателки. Честопати сум носела нејзини креации и таа точно знае да го погоди мојот сензибилитет. Убедена сум дека и овој нов салон во Тетово ќе биде продолжение на гламурот и елеганцијата што ЕЛЕНА ЛУКА со години ни ја дава, изјави д-р Аспазија Софијанова, уште пред почетокот на модниот перформанс.

-Многу ми е мило што сум вечерва тука и што имав чест да го видам овој гламурозен моден спектакл. Се изгледаше беспрекорно, секој детаљ беше совршено осмислен. Сцената креациите, се беше магично. Ја познавам Елена долго време и сакам од се срце да и посакам голем успех зошто една прекрасна дама како неа го заслужува тоа, ги сподели своите впечатоци и Ленче Куќиќ, која е долгогодишна пријателка и соработничка на брендот.

- Вечерва беше навистина голем спектакл и со драго срце морам да кажам дека сум почестена што бев дел од оваа ревија на ЕЛЕНА ЛУКА. Тоа е бренд со којшто долги години соработувам, бренд на којшто сите се восхитуваме. Се беше на највисоко ниво, посведочивме на една врвна естетика, на еден гламур и елеганција каков што ретко се гледа на овие простори. Верувам дека и новиот салон во Тетово ќе испише уште една убава ЕЛЕНА ЛУКА приказна, ги сподели и личните импресии Ирена Спировска.

-Очекувам вистински моден спектакл, затоа што ЕЛЕНА ЛУКА е во прашање. Не се сомневам дека и новиот продажен салон, ќе ја има онаа енергија и естетика препознатлива за ЕЛЕНА ЛУКА, која е на светско ниво. А јас се разбира и вечерва носам еден ункатен сет со нејзиниот потпис и секогаш тоа со задоволство го правам, изјави Дани која периодов работи на неколку актуелни проекти со брендот.

Со отворањето на новиот продажен салон во Тетово и ексклузивниот моден настан што ја најави новата омилена модна дестинација, ЕЛЕНА ЛУКА ја заокружи успешната година и започна уште една нова страница во своја фасцинантна модна приказна.

 

 

Објавено:
18 декември 2023
Категорија: 
Актуел