Ексклузивните дизајни на ЕЛЕНА ЛУКА отсега имате можност да ги погледнете и во Еast Gate Mall.
Започнувајќи од денеска, нашиот етаблиран моден бренд редовно ќе изложува свои уникатни дизајнерски креации во галериска стаклена кутија поставена на приземје во трговскиот центар.
Преку овој изложбен концепт, публиката одблиску ќе може да се запознае со вистинската уметност што ја создава ЕЛЕНА ЛУКА, а QR кодот поставен на стаклената кутија директно ќе ве однесе до онлајн продавницата на брендот каде ќе можете да дознаете повеќе за изложената креација, како и за богатата понуда од луксузниот програм на модната куќа.
Првата изложена креација е вистинска магија. Црната боја ја симболизира безвременската елеганција, но истовремено и авангардниот дизајн. Свечена тоалета која е врв на женската сензуалност, вистинско ремек дел во кое е ставено акцент на секој рачно изработен детаљ. А тоа му дава една неповторлива стилска димензија. Кројот ѝ ласка на женствената силуета, следејќи ја линијата на женското тело, а во задниот дел е надополнет со волумензен слој карнери, што му ја даваат посакуваната нота на драматичност и впечатливост.
Вистинско модно освежување!
Дали можеби ова е најава и за понатамошна соработка на друго ниво на ЕЛЕНА ЛУКА со East Gate Mall, останува да следиме и да ве информираме.
ЕЛЕНА ЛУКА ве очекува и во своите продажни салони во Капиштец,Скопје и во Струмица, како и на онлајн продавницата www.elenaluka.com.