Во прекрасен празничен амбиент, со почитување на сите протоколи за безбедност и заштита, модниот бренд Елена Лука денеска ги отвори вратите на својот нов, ексклузивен showroom на нова адреса во скопската населба Аеродром.
Лоциран во рамките на станбено-деловниот комплекс „EL homes – Eco homes" на улицата „Фрањо Клуз" бр.6, новиот showroom нуди еден современ моден концепт и богатa пaлета на производи, за што можеа да посведочат и првите посетители кои денеска беа дел од новата успешна приказна на брендот.
Со новиот showroom во Аеродром, кој е надоврзување на успешното, долгогодишно функционирање на двата продажни салони во Капиштец и Струмица, Елена Лука сега е поблиску до своите клиенти и во овој дел на Скопје, за што позитивно коментираа и посетителите кои денеска почитувајќи ги сите протоколи за заштита имаа можност да уживаат во безбедно и празнично шопинг искуство.
„Денеска е голем ден за семејството на Елена Лука, затоа што нашата успешна приказна ја продолжуваме на нова локација во Аеродром, односно во станбено-деловниот комплекс „EL homes – Eco homes" со отворање на ексклузивен showroom кој ќе биде достапен за сите љубители на модата и наши клиенти и ќе им понуди врвен моден, шопинг концепт. Во една комплетно безбедна атмосфера, со почитување на сите прописи за заштита, мојот професионален тим секогаш ќе биде достапен и расположен да ги услужи нашите клиенти според највисоките стандарди. Решивме отворањето да биде во еден топол, претпразничен амбиент, со надеж оваа сурова година да ја оставиме зад нас и никогаш да не се повтори. Амбиентот во просторот е препознатлив за реномираниот профил на Елена Лука, како и комплетниот ексклузивен моден програм, секогаш во чекор со светските текови. Ви посакуваме добредојде и ве покануваме да бидете дел од нашата приказна и на оваа нова адреса", посочи г-ѓа Елена Пандева, генерален менаџер, сопственик и водечки дизајнер на брендот.
Како надополнување на празничната атмосфера, но и како симболично означување на новиот почеток, Елена Лука обезбеди и бројни изненадувања, подароци и попусти за своите клиенти.
Празниците може да започнат, се гледаме во новиот showroom на Елена Лука во Аеродром!