Ен Хатавеј во експлозија од розово на ревијата на Валентино

11 јули 2022

Престојниот филм на Грета Гервиг веќе го наметнува Барби стилот како во сферата нан уличната мода, така и во светот на високата мода, а Ен Хатавеј не можеше да одолее на препознатливата Барби розова нијанса.

Фото: Getty

Па така, на модната ревија на Високата мода на Валентино есен/зима 2022/2023 година што се одржа во петокот во Рим, ѕвездата (39) се појави во блескаво во жешко розов краток фустан од култниот моден бренд. Фустанот со ролка е збогатен со карнери веднаш под градите, а комбинацијата беше комплетирана со соодветни минијатурна чанта и чевли на платформа, исто така со потпис на Валентино.

Хатавеј го задржа остатокот од својот изглед едноставен со минимална шминка, ситни обетки и нејзината природна брановидна коса.

Фото: Getty

Стилизирана од Ерин Волш, изгледот на Хатавеј ѝ оддаде почит на претходната колекција на Валентино, „Ready to Wear" есен/зима 2022-2023 година, каде креативниот директор Пјерпаоло Пичоли ја претстави бојата наречена „PP Pink" во соработка со Pantone.

Фото: Getty

Фото: Getty

Објавено:
11 јули 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
536 пати