Ентони Вакарело е новиот креативен директор на Сен Лоран

5 април 2016

Нов креативен директор на луксузната модна куќа Сен Лоран е белгискиот дизајнер Ентони Вакарело.

Тој доаѓа на местото на Хеди Слиман кој пред само неколку дена ја напушти челната позиција на брендот, откако му истече официјалниот договор.

Исто како и неговиот претходник, Вакарело е љубител на рокенрол естетиката и мини здолништата и не ја избегнува голотијата, па веќе може да претпоставуваме во која насока ќе продолжи да се движи дизајнот француската модна куќа.

Објавено:
5 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
115 пати