Во концептуалната продавница Lotus Design Store, утре официјално ќе започне продажбата на новите колекции за есен-зима 2014/15 на македонските модни дизајнери. Покрај постоечките брендови, во продавницата за првпат ќе бидат изложени и колекции на тројца нови дизајнери – Јован Петровски со своите брендови Squire и Blackout, Златко Јовановски со „Страшен суд“, колекции со кои се претставија на моден викенд, како и брендот „Сино студио“ на Ема Николова, со колекцијата на мебел Трикон.
Освен новите брендови, посетителите во Lotus Design Store може да ги пробаат и колекциите на дизајнерите Росица Мршиќ и Елaна Спасовска, колекцијата „Тајмлес“ на брендот КУФЕР од дизајнерката Андријана Динева, „Кирилица“ на Стефанија Насеска и „Зебра“ на Ирина Тошева, кои исто така се претставија на неодамнешната модна манифестација.
Заинтересираните можат да купат парчиња и од есенските колекции на Le Brand на Лили Кадинска, „4 Сезони“ на Марта Мирова, Macci на Марија Спасеска и Vibrazioni на Александра Митковска.