Еве ја програмата од осмата сезона на Моден Викенд Скопје

7 октомври 2013

Од 22-ри до 30-ти октомври на различни локации низ Скопје ќе се одржува осмото издание на Моден Викенд Скопје. Темата за оваа сезона ќе биде експанзијата на панк-гранџ стилот, а пак дизајнерите ќе се водат под слоганот: „ Време е за  „камбек“.  На 22-ри во новата катна гаража „Св. Кирил и Методиј“ , прв мразот ќе го скрши дизајнерот Никола Ефтимов, а новина во оваа сезона се три дизајнерски имиња кои за прв пат ќе ги покажат своите колекции.

На ревиите во текот на девет дена своите нови колекции ќе ги презентираат и дизајнерката Олгица Ѓерогиева, Ирина Тошева, Fashion Group, Тања Кокев, Антонија Ристовска,Никола Петровски, Стефанија Насеска и брендот Стилисимо.  Додека во автентичниот амбиент на Даут Пашин Амам во скопската чаршија, љубителите на модата ќе можат да ја проследат и ревијата на дизајнерка Мила Кадриу. Последните денови се резервирани за два модни перформанси од Александра Митковска и вториот на дизајнерката Росица Мршиќ која ќе ја затвори осмата сезона на модниот викенд. Во продолжени од линкот можете да го прочитате комплетниот распоред на ревиите за конкретниот ден, час и локација на одржување.

Официјална програма Моден Викенд Скопје

Објавено:
7 октомври 2013
Категорија: 
Актуел