Фантастични на секоја возраст –Harper’s Bazaar ги одбра најдобрите

21 јули 2016

Магазинот Harper's Bazaar, традиционално по шести пат го организираше натпреварот за „Најфантастични жени на секоја возраст" (Fabulous at every age – reader search) чија суштинска порака е да потенцира дека жените се убави и фантастични независно од возраста.

На конкурсот што беше објавен во март годинава можеа да се пријават сите жени од нивната читачка публика на различна возраст, да испратат нивна фотографија и да објаснат зошто токму тие би требало да бидат избрани помеѓу најфантастичните.

Основните критериуми при селекцијата што ја правеше уредничкиот тим на магазинот се однесуваше на три компоненти од комплетната личност на една жена: шик и оригинален стил, инспиративна убавина и пасијата кон животот.

Вчера во хотелот „Surrey" во Њујорк, на гала вечера и официјално беа избрани и парично наградени петте жени (секоја најдобра во својата категорија од 20-ти, 30-ти, 40-ти, 50-ти и 60-ти години), а традиционално настанот беше поддржан од козметичкиот гигант Есте Лаудер.

Еве го изборот на финалистките што го направи уредничкиот тим на Harper's Bazaar.

Најдобра во категоријата „20-ти години" е дваесетгодишната блогерка и студент на Индустриски инженеринг, Дамисола Балуган.

Во категоријата „30-ти години", финалистка е 38-годишната, мајка, сопруга и обвинителка Камелија Лопез.

Ешли Мејнард е професор, автор и модел, има 43 години, изгледа совршено и е победничка во категоријата „40-ти".

Во категоријата „50-ти" за најдобра е избрана 53-годишната докторка, мајка и баба Памела Рама.

Во последната категорија која се однесува на жените во шестата деценија од нивниот живот, уредничкиот тим на магазинот ја одбра Џенис Џонс, која има 60 години, успешно победила во борбата со ракот, по професија е економист, а како што самата најавува, наскоро и автор.

 

Објавено:
21 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
294 пати