Овој бренд нуди три различни стила во зависност од својствата. „Aloe vera” стилот ќе ви овозможи кожата да ви биде помека, а од фармерките со „Olive Extract” ќе имате постојан хидратантен третман. Третиот стил е најконтроверзен. Се нарекува „Smooth Legs”, а честото носење на овие фармерки ќе ви помогне во борбата против целулитот.
Состојките се од екстракт од алги, кофеин и ретинол. Фармерките се тестирани од страна на институтот Адриант од Франција каде 69% од испитаниците кажале дека по 4 недели носење на фармерките, 8 часа дневно, 5 дена во неделата, состојбата на нивните нозе се подобрила – тврдат од компанијата Vrangler.
Но сепак, оваа студија оставила голем простор за сомнеж. Дали постоела контролна група? Кој носи ист пар фармерки секој ден?
„Невозможно е антицелулитното својство да дејствува преку фармерки. Дозата која е неопходна да дејствува никако не смее на кожата да се нанесува на ваков начин” – кажала докторката Есра Огру. „Како дерматолог и молекуларен биолог тврдам дека не пости научно решение кое би обезбедило ваков ефект”.
Маркетинг или не, компанијата ја ангажираше ќерката на Мик Џегер – Лиза, на која овие фармерки и стојат неодоливо.