Fashionel во трка за Најдобар сајт на годината

29 ноември 2014

slider1

Гласањето за најдобар сајт на годината е веќе во тек. Започна на 24-ти ноември а ќе трае до 5-ти декември. Во овој период оние што сакаат да нè поддржат ќе можат тоа да го сторат давајќи го гласот за Fashionel во следните категории:

• Најдобар Сајт за 2014 година
• Најдобар дизајн
• Најдобар мобилен сајт
• Мода и Убавина
• Најдобра FACEBOOK фан страна

Начинот на гласање е следниот:

Како посетител на веб страницата на Сајт на годината, треба да се пријавите преку вашиот мејл, по што на истиот ќе ви пристигне повратна порака со линк до листата за гласање. Од една мејл адреса, односно линк можете да гласате само еднаш. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.

Победниците ќе бидат објавени на 11.12.2014 на свечената манифестација која ќе се оддржи во фоајето на МОБ, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.

32616_239282112867348_1706182034_n

Најдобрите ќе се изберат со вкупен збир на гласовите од жири комисијата и гласовите на публиката и тоа во соодност – 60 % од жирито и 40% од публика.

Инаку, манифестацијата "Сајт на Годината" во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по петти пат оваа година, а со цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

Ви благодариме за поддршката и довербата!

Ваш Fashionel.mk

Објавено:
29 ноември 2014
Категорија: 
Актуел