Флоренс Велш е новото заштитно лице на Гучи!
•
15 февруари 2016
Кралицата на еклектичниот стил и вокалистка на Florence and the Machine, Флоренс Велш е новото заштитно лице на луксузниот бренд Гучи.
Заедничката релација помеѓу Флоренс и Гучи започна уште кога брендот беше под креативно водство на Фрида Џанини која ги дизајнираше костимите за нејзините турнеи.
Но, очиглено и Алесандро Мишел е голем фан на талентираната пејачка. Тој дури и се инспирираше од нејзиниот стил за неговата прва колекција за Гучи, а новиот албум беше уште една дополнителна причина да ја ангажира за заштитно лице на модната куќа.
Инаку Флоренс многу често и сама ги избира Гучи за нејзините јавни настапи бидејќи сензибилитетот на модната куќа одлично одговара и на нејзиниот моден израз и естетика.