Традиционално, секој прв понеделник во мај е резервиран за таканаречените „Модни оскари“, односно тематската забава и изложба во Метрополитен музејот, позната како „МЕТ Гала“.
Пандемијата годинава ги поремети плановите, па Винтур која е организатор на настанот од 1995 година до сега, најави дека одржувањето на истиот ќе биде одложен на неопределено и дека публиката ќе има можност да види дел од изложбата низ содржините на мајското издание на „Вог“.
За потсетување, годинешнава тема на изложбата беше насловена „About Time: Fashion and Duration – „За времето: Мода и времетраење", прикажувајќи го развојот на модата низ историја од 150 години, а директно инспирирана од филмот „Орландо" на Сали Потер базиран на истоимениот роман на Вирџинија Вулф.
Сепак, тоа што годинава нема да го гледаме секогаш ексклузивниот црвен килим, не значи дека не можеме да се потсетиме на некои од највпечатливите изданија низ годините, за кои и денес се зборува.
Темите од последните 20 години се: Џани Версаче (1997), Кубизам и мода (1998), Рок стил (1999), Жаклин Кенеди: Годините во Белата куќа (2001), Божици: Класичен приказ (2003), Опасни врски: Модата и мебелот во 18-тиот век (2004), Куќата на Шанел (2005), Англоманија: Традицијата и трансгресија на британската мода (2006), Пуаре: Крал на модата (2007), Суперхерои: Модата и фантазијата (2008), Модел како муза: Отелотворение на модата (2009), Американската жена: Обликување на националниот идентитет (2010), Александар Меквин: Дива убавина (2011), Скијапарели и Прада: Невозможните разговори (2012), Панк: Од хаос до Висока мода (2013), Чарлс Џејмс: Над модата (2014), Кина преку огледало (2015), „Manus x Machina" (2016), Реи Кавакубо/Comme des Garcons: Уметноста помеѓу (2017), „Божествени тела: Модата и католичката имагинација“ (2018), Camp: Notes of Fashion/Камп: Белешки за модата (2019).
фото извор: harpersbazaar.com; vogue.com; pinterest.com; instagram.com;