(Фото) Најраскошните изданија на црвениот тепих на 95. Оскари

13 март 2023

Вчеравечер на доделувањето на 95. Оскари, на најскапата црвена патека која водеше до театарот „Долби" во Лос Анџелес, продефилираа најактуелните филмски ѕвезди изведувајќи го најпопуларното модно шоу на годината.

Интересно беше да се забележи дека овојпат, во изборот на оскаровски стајлинг, доминираше синхронизираното надополнување меѓу класичен и современ изглед.

Уште еден печат што го одбележа црвениот тепих на годинешниве Оскари, беше доминацијата на белата боја во изборот на тоалети кај актерките, па дури и естетика која потсетуваше на минималистички невестински изглед.

Меѓу актерките кои одбраа тоалета во бела боја беше и добитничката на Оскарот за Најдобра главна женска улога, воедно и првата жена Азијка со златна статуетка во оваа категорија, Мишел Јео ( „Сè секаде одеднаш" ) која носеше дизајн на Диор.

Ева Лонгорија, Хали Бери, Мишел Вилјамс, Емили Блант, Зое Салдана, Руни Мара, исто така беа меѓу актерките кои се одлучија за раскошни фустани во бела боја.

Мишел Јео, Диор

Кејт Бланшет, која иако беше меѓу фаворитите, си замина без Оскар, со својот грациозен став на црвениот тепих донесе гламур во кралско сина боја, дизајн на Луј Витон.

Кејт Бланшет, Луј Витон

Меѓу највпечатливите годинава беа и Лејди Гага во Версаче, Кара Делевињ во Ели Сааб, Џесика Честејн во Гучи...

Како изгледаше црвениот тепих во целина, гледате на фотографиите подолу.

Фото: Vogue, BBC

Џејми Ли Кертис, Долче и Габана

Ева Лонгорија, Зухаир Мурад

Кара Делевињ, Ели Сааб

Зое Салдана,

Џенифер Конели, Луј Витон

Ана де Армас

Хали Бери, тамара Ралф

Брендан Фрејзер, Армани

Мишел Вилјамс, Шанел

Ријана, Азалеја

Лејди гага, Версаче

Емили Блант, Валентино и Двејн Џонсон,Долче и Габана

Лени Кравиц

Енди Мекдауел, Сен Лоран

Никол Кидман, Армани Приве

Данаи Гурира, Џејсон Ву

Брендан Фрејзер

Џесика Џестејн, Гучи

Руни Мара, Александар Меквин

 

Објавено:
13 март 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.628 пати