Friends Reunion: Пристигнаа и првите фотографии и видео од специјалната епизода

19 мај 2021

Магазинот „Пипл“ ја доби ексклузивната фото-сесија и интервју со омилените „Пријатели“. 

Во меѓувреме од „HBO Max“ објавија е дел од она што ќе гледаме на 27 мај.

Од видеото се гледа дека ќе биде забавно, а од интервјуто, односно делот кој го споделија „Пипл“, „пријателите“ откриваат што украле од сет и им останало за спомен.

Џенифер Анистон призна дека земала цветен фустан кој го носела Моника во серијата, односно Кортни Кокс.

Метју Пери откри дека ја земал теглата за колачиња на која има часовник и ѝ ја подарил на Лиса Кудроу, бидејќи во еден момент мислела дека навистина е часовник.

Дејвид Швимер пак, се пошегува дека освен предмет од неговата тв канцеларија и фамозниот кауч, ништо друго не земал.

Сепак, она што сите го истакнуваат е дека, без разлика што во изминативе 17 години само еднаш се нашле сите заедно во иста просторија, кога се сретнале како воопшто и да не биле разделени.

A во продолжение погледнете ги и видеата:

 

 

Објавено:
19 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.501 пати
Тагови: 
пријатели