Во време на брза мода, понекогаш забораваме дека во својата суштина модата е уметност која треба да се ужива, која си го бара своето време и посветеност, и која дава вредност и квалитет во нашето секојдневие.
ЕЛЕНА ЛУКА е моден бренд кој достоинствено ова „непишано правило" го применува низ својот концепт на работа до толку што стана нејзина препознатливост.
Во ателјето на модниот бренд во Струмица и викендов се случи една таква модна магија која веруваме ќе ве воодушеви.
ЕЛЕНА ЛУКА својот потпис го стави на уште едно ремек дело, уникатна свечена тоалета специјално дизајнирана за клиентка. Она што го прави особено впечатлив овој раскошен фустан во асиметрична линија, е рачно насликаниот ракав што му дава дополнителна уметничка тежина.
Светлите и ведри тонови разиграни на бела основа, се совршено надополнување на неговата елеганција дефинирана како целина која спојува три актуелни тенденции: корсет, долен дел на преклоп и висок шлиц.
Кога фантазијата станува реалност, тоа изгледа вака...