...И тоа со нова генерација. Имено, американскиот бренд „Gap“, неодамна ја претстави новата кампања за пролет/лето 2017 – „Generatiot Gap“, инспирирана од 1990-тите, во која се појавуваат децата на познати личности.

Токму во тоа време во кое се навраќа, овој бренд беше еден од најпопуларните и најдобрите. Потоа, како да исчезна од модната сцена, за сега да се врати во потрага по старата слава.

И за таа цел се ангажирани деца на познати личности, но не оние кои постојано ги гледате. Gap ги ангажираа децата на своите амбасадори од 1990-тите. Затоа, сега ги гледаме Лизи Џегер (ќерката на Мик Џегер), Челси Тајлер (ќерка на Стивен Тајлер), Румер Вилис (ќерка на Деми Мур и Брус Вилис), Коко Гордон (ќерка на Ким Гордон), како и Иван Рос (синот на Дајана Рос).
Покрај нив во кампањата се појавува и иконата од 1990-тите, Наоми Кембел. Таа беше дел од нивната кампања од 1992 година и тоа токму во истата комбинација.

На тој начин, тимот на брендот направи спој на носталгијата по старото време, квалитетот и влијанието на новата генерација, која сепак води поалтернативен начин на живот, каков што воделе и нивните родители и соодветствува на стилот на брендот.
Освен фотографиите, кампањата вклучува и видео, а од брендот со 48-годишна традиција се надеваат дека ова е старт на една убава иднина.
А дека прилично се внимавало, размислувало и вложувало во ова т.н.навраќање, говори и фактот дека во првите 11 месеци од 2016, брендот потрошил 118,7 милиони долари на медиското појавување. Извршниот директор за странските медиуми вели дека доколку продажбата продолжи да паѓа, ќе продолжат да вложуваат во маркетинг и медиуми.

Но, според првите податоци, тоа можеби и нема да се случи. Имено, во декември минатата и јануари оваа година, продажбата пораснала за три процента.
Челси Тајлер
Коко Гордон

Лизи Џегер
Наоми Кембел
Румер Вилис

