Гламурозните фустани на ЕЛЕНА ЛУКА изложени во изложбениот салон на Скопскиот Моден Фестивал

13 ноември 2022

Втората сезона на Скопскиот Моден Фестивал е се' уште во тек и ќе се одвива уште седум дена.

По заврувашето на првиот дел од фестивалот кој вклучуваше три ревиски гала вечери, вниманието се сели во изложбениот салон на првиот кат во трговскиот центар, каде одблизу ќе може да се погледнат, одберат или нарачаат оригиналните креации на фестивалските учесници. Надвор од официјалниот дел, свое претставување пред присутните ќе имаат и реномирани артисти.

Уникатните парчиња од луксузната колекција „Satin Dream" со која вчеравечер се претстави модната куќа ЕЛЕНА ЛУКА беа изложени во рамките на шоу румот, каде љубителите на модата имаа можност одблиску да се запознаат со новата колекција на брендот.

„Како и секоја колекција на ЕЛЕНА ЛУКА, така и оваа е од посебна важност за нас. Се надевам дека посетителите кои беа во голем број вчеравечер уживаа во колекцијата и она што ЕЛЕНА ЛУКА го работи со години и по што е позната. Тоа се дамските кроеви, рачните доработнки, гламурот, кои што ја карактеризираат нашата модна куќа. Голем поздрав и до нашиот генерален менаџер Елена Пандева за ваквиот подвиг и за тоа што повторно ја враќа женственоста воопшто во Македонија и што се држи до тоа дека секоја дама треба да изгледа така гламурозно како моделите вчера.", вели Небојша Антиќ, маркетинг менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.

„Воедно, се извинуваме до оние коишто вчера беа дојдени во преголем број и не успеавме да ги примиме. Критиките, инаку се секогаш позитивни, што е наша најголема радост. Нашите гости беа воодушевени. Понатака останува за оние кои ја пропуштија ревијата, дел од колекцијата беше изложена во шоурумот што беше дел од фестивалот, а целата колекција и сите останати уникатни креации можете да ги видите во нашето атеље Елена Лука Капиштец-Скопје.", додава Антиќ.

По завршувањето на програмата на Skopje Fashion Festival која се затвора на 20 ноември, „Satin Dream" ќе биде достапна во продажба во ателјеата на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица, како и онлајн на www.elenaluka.com.

Објавено:
13 ноември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
927 пати