Гламурозно затворање на филмскиот фестивал во Кан

26 мај 2014

Последната вечер или затворањето на годинешниот филмски фестивал во луксузниот Кан, доби софистицирана гламурозна нота благодарение на прекрасната Ума Турман која на црвениот килим се појави поубава од кога и да е!

Таа уште еднаш докажа дека годините не и можат ништо кога се појави во бела долга тоалета на Маркеза во придружба на Квентин Тарантино, на прославата на 20 – годишнината од култниот Pulp Fiction и наградата Palme d’Or во 1994 година.

Uma Thurman in Marchesa

Меѓу добитниците на годинешните награди беа и Тимоти Спал (најдобар актер за Mr. Turner), Џулијан Мур (најдобра актерка – Maps to the Stars) и Нури Билге Џејлан кој ја доби престижната Palme d’Or за неговиот Winter’s Sleep.

„Ова е прекрасна коинциденција“, рече режисерот по добивањето на наградата, потсетувајќи ги присутните за прославувањето на 100 – годишнината на турската кинематографија.

Неверојатната Софија Лорен, облечена во елегантен и луксузен фустан од модната куќа Армани, и ја предаде наградата на италијанската режисерка Алис Рорвахер наградата за The Wonders.

Sophia Loren in Armani

Прекрасната Паз Вега која се чини го привлече сето внимание на годинешното издание на Кан со нејзините одлични комбинации, но и со неповторливата изведба како Мариа Калас во Grace of Monaco, овојпат се појави во елегантна сребрена тоалета со впечатлива црна ружа на десното рамо, специјално направена од одличните Ralph & Russo.

Paz Vega in Ralph & Russo

Наградата од жирито отиде во рацете на 25 – годишниот канадски режисер Ксавиер Долан за филмот Mommy кој е приказна за врската помеѓу проблематичен тинејџер, мајката и соссетката.

Она што беше особено интересно, беше премиерата и гламурозниот црвен килим и на одличниот „Clouds of Sils Maria“ кој што се прикажа во петокот.

Kristen Stewart, Juliette Binoche, Chloe Moretz

 

Токму овој филм, режиран од Оливер Асајас, е целосно финансиран од модната куќа Шанел. Во него како главни актерки се појавуваат прекрасните Џулиет Бинож, Клои Грејс Моретз и Кристен Стјуарт. Модната куќа, не само што го финансираше филмот, туку и за истиот обезбеди целосна шминка, облека, модни додатоци и фризури за сите актерки со што и му го оствари сонот на креативниот Оливер.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од последните неколку дена на годинешното гламурозно и можеби најубаво и најбогато со програма издание на Канскиот филмски фестивал.

Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Актуел