Голиот фустан на Жан пол Готје и Лота Волкова: старо-нова опсесија на модниот свет

8 август 2022

Модниот свет има нова опсесија. Голиот фустан на руската стилистка Лота Волкова во соработка со Жан пол Готје, го оживеа контроверзниот дух на познатиот иконски дизајн од колекцијата пролет-лето 1984 година.

Ексцентричната стилистка, која стручно се профилираше на престижниот универзитет St Martins, па од Лондон се стационираше во Париз, е актуелна со реинтерпретацијата на голиот фустан на Жан пол Готје кој деновиве е еден од најпребартуваните дизајни на интернет (пребарувањето на Гугл е зголемено за 430%) и еден од најприсутните на социјалните мрежи.

Волкова му даде современа изведба на легендардниот модел, со тоа што на еластично жерсе испринта принт со голо женско тело и го дизајнираше во неколку различни верзии: макси фустан, топ со долги ракави, па дури и бикини.

Модни ѕвезди како Кјара Ферањи и Кајли Џенер, веќе објавија свои фотографии на Инстаграм во овие модели со што оваа капсулна колекција на руската стилистка доби на уште поголема популарност.

Фустанот е достапен онлајн по цена од 590 долари, бикини сетот чини 140 долари, додека горниот дел со долги ракави се продава по цена од 390долари.

 

Објавено:
8 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
403 пати