Доколку случајно ноќеска одвоивте време да ги погледнете годинешните MTV видео музички награди, веројатно веќе знаете што се случуваше на сцената. Но, сепак, ние сакаме да ви презентираме некои од најважните моменти на годинешните награди.

Сосема очекувано, со наградата „Видео на годината“, си замина планетарно популарната Тејлор Свифт, која на настанот пристигна заедно со нејзината група секси женски пријателки меѓу кои Кара Делевињ, Карли Клос, Лили Олдриџ, Џиџи Хадид и уште неколку други.

Најголем впечаток на доделувањето дефинитивно остави „домаќинката“ Мајли Сајрус која се појави во неколку стајлинзи, од кои најголемиот дел ги откриваа сите делови од нејзиното тело.

Како што навикнавме, и како изведувач и како домаќин таа беше неверојатно контроверзна, покажувајќи ги интимните делови од телото, допирајќи се на сцена, пушејќи сомнителни цигари и што уште не.

На сцената, таа смени неколку костими, од кои само еден елегантен во ретро издание, додека сите други беа дизајнирани само да и покријат делови од градите.

Она што остави голем впечаток на вчерашното доделување на MTV музичките награди беше неверојатниот говор на Канје Вест, кој ја доби наградата за животно постигнување и сосема на крај на говорот, изјави дека во 2020 планира да се кандидира за претседател.

На оваа изјава, публиката и неговите познати пријатели реагираа и повеќе од добро, поддржувајќи го со громогласен аплауз и долго неверување.

На сцената можевме да видиме и малку солзи кои оваа година дојдоа од миленикот на тинејџерките Џастин Бибер, кој стана и повеќе од емоционален во неговиот повратнички настап на музичките награди.

Едно од многуте изненадувања беше и појавувањето на Тејлор Свифт на сцената заедно со Ники Минаж со која до пред некое време имаа жестоки расправи по социјалните мрежи, но по сѐ изгледа дека истите ги надминале.

Што се однесува до модата, на колоритниот килим на MTV видео музичките награди во најдобри изданија дефинитивно се појавија Тејлор Свифт и нејзините пријателки, кои претежно се одлучија за секси долги тоалети кои ги истакнуваа нивните неверојатно атрибути.

На шарениот килим, сосема нормално, се појавија и девојките од семејството Кардашијан, а најголем впечаток остави бремената Ким која овојпат дефинитивно погреши со изборот на фустан.

Во галеријата, погледнете ги сите комбинации на контроверзната водителка Мајли Сајрус и сите останати кои беа дел од годинешните награди.

Награди

Видео на годината – Тејлор Свит - Bad Blood
Најдобро видео во машка категорија – Марк Ронсон и Бруно Марс, Uptown Funk
Најдобро видео во женска категорија – Тејлор Свифт – Blank Space
Најдобро видео на хип – хоп изведувач – Ники Минаж – Anaconda
Најдобро видео на поп изведувач – Тејлор Свифт – Blank Space
Најдобро видео на рок изведувач – Фол Аут Бој – Uma Thurman
Најдобар нов изведувач – Фети Вап – Trap Queen
Најдобро видео со социјална порака – Биг Шон, Канје Вест, Џон Леџенд – One Man Can Change the World
Награда за животно достигнување – Канје Вест

Објавено:
31 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.230 пати