Гостите со свои модни приказни на првиот ден на FWSK

24 октомври 2014

Мала станица вчеравечер беше првата станица од која тргна модното патување низ главниот град следните неколку дена, во рамките на десеттата јубилејна сезона на Моден викенд Скопје.

Ревиите на двајцата млади дизајнери Јован Петровски и Јована Филиповиќ со кои беше отворена новата сезона, ги проследија голем број нивни пријатели, соработници, вљубеници во модниот дизајн и медиуми.

Секој од нив донесе своја модна приказна која би требало да ја збогати онаа дизајнерската. Некои од гостите направиле успешни и впечатливи комбинации, други помалку успешни обиди, но сепак она што заеднички ги спои беа модните ревии на дизајнерите.

 

 

 

Објавено:
24 октомври 2014
Категорија: 
Актуел