Групацијата не ги исполни очекувањата за зголемен профит, туку напротив тој е опаднат за 5%, односно од 3.5 милијарди на 2. 58 милијарди евра. Компанијата и покрај ситуацијата во која се наоѓа, продолжува да лансира скапи луксузни чанти, а исто така планира да ја промени финансиската политика и да почне да вложува во модни додатоци, а да ги намали инвестициите во однос на часовниците и скапиот алкохол. Како за пример ја посочија паднатата продажба за 15% на коњакот Реми Мартин.
Извршниот директор Бернард Арно смета дека е неопходно да се освојат традиционалните пазари што имаат висок потенцијал за инвестиција. Останува да се види до крајот на годината дали ќе се подобри финансиската состојба на групацијата со промена на политиката на дејствување и новите инвестиции.