Гувернерските острови и годинава се вратија во 20-тите преку звуците на џезот
•
17 јуни 2014
Минатата година ви ја доловивме атмосферата од џез забавата на Гувернерските острови, која и оваа година по деветти пат беше организирана од џез изведувачот Мајкл Арнела. Присутните како и за претходните изданија мораа да се придржуваат на упатствата за дрес код од Арт Деко стилот. Автентичната атмосфера од фотографиите во продолжение ќе ве однесе во едно минато време од 20-тите години, па за момент можеби ќе помислите дека не се направени во 2014 година.
Апстрактните форми и строгите линии карактеристични за модниот правец за време на “џез ерата” артистично се комбинирани во стaјлинзите на присутните. Инаку, овој реномиран музички собир се одржува двапати годишно.