Моделот Хајди Клум и нејзината 16-годишна ќерка Лени ја красат насловната на последното издание на германски „Вог“.
View this post on Instagram
Фотографиите и приказната што ја следат го привлекоа вниманието на јавноста, бидејќи ова е првпат Лени да се најде на насловна страна, но и да споделат дел од интимата.
Инаку, прекрасната тинејџерка сака да ја наследи мајка си во модната индустрија, во што ја поддржува.
View this post on Instagram
„Многу сум горда на тебе. Не поради тоа што го одбра овој пат. Знам дека без разлика кој пат ќе го одбереш, ќе биде твојот пат. Секогаш знаеш точно што сакаш, а што не. Ти не си моја мини копија. Среќна сум за тебе што сега ќе можеш да ни покажеш точно која си“, напиша 46-годишниот модел на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Таа додаде дека знае дека на Лени воопшто не ѝ било лесно да биде ќерка на Хајди Клум.
„Никогаш немаше можност да растеш 'нормално“.Но, што е нормално? Веројатно не е ни тоа да растеш со три различни татковци, но ти имаш талент да го извлечеш најдоброто од секоја ситуација. Ти си самоуверена млада жена која се бори за нејзините цели“, искрено сподели Клум, која многу ретко зборува за својот приватен живот.
Инаку, Лени е дете на Хајди од врската со Флавио Бријаторе, а потоа беше посвоена од вториот сопруг на Клум, музичарот Сил.
View this post on Instagram
На крајот од својата посвета, Хајди напиша:
„Се надевам дека без разлика каде си, со тебе секогаш ќе го носиш она што ти го давав изминативе 16 години. За големите одлуки во животот, но исто и за многу малите. И дури и ако често не сакаш да слушаш паметни совети од мајка ти, еве уште еден: не прави ништо што не сакаш да правиш и секогаш слушај го твојот инстинкт.
Сигурна сум дека те очекува возбудлив период. „Вог“ е најдобриот начин да ја започнеш кариерата од соништата. А, дури и ако ми е малку тешко да те пуштам во овој свет, секогаш ќе правам сè за да бидеш среќна и за да ти се остварат соништата. Горда сум што сум ти мајка!"
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Лени пак, вели дека било прашање на време кога ќе стане модел:
„Првите понуди ги добив на 12 од бренд што сакав да го носам. Ја молев мајка ми да, но не ми дозволуваше. Сега сфаќам дека тогаш сум била премногу мала“, вели тинејџерката.