H&M ги одбра финалистите: Осум студенти се борат за стипендија кај Ердем!

14 јануари 2014

Шведскиот бренд H & M ги објави финалистите за третите по ред дизајнерски награди во нивна организација. Крајните осум финалисти беа одбрани од вкупно 26 учесници од 12 земји ширум светот или поточно од 30 училишта за дизајн.

Секој студент беше избран според креативноста, техниките и нивната визија за нови и свежи креации за брендот.

На секој од нив им беше доделен паричен износ од вкупно 5.000 долари со кои можеа да се подготвуваат за нивните колекции што беа презентирани во Лондон овој декември.

Колекциите беа прикажани, а за беспрекорноста на истите судеше жири составено од некои од најголемите имиња во модната индустрија како дизајнерот Ердем, извршната уредничка за мода на Вог Серена Худ, актерката Мишел Докери и трендсетерката Мишел Харпер.

Победникот од конкурсот ќе биде објавен на 28 Јануари во 11 часот. Најкреативниот од сите ќе има можност да добие тримесечна стипендија и работа во студиото на светскиот дизајнер Ердем.

Во продолжение во галеријата погледнете некои од највпечатливите дизајни на студентите и гласајте за фаворитот!

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Актуел