Модата се помалку можеме да ја ставиме во строго определена рамка, а денес таа излегува и од границите на реалноста. Со сè поголемото присуство на аугментираната и виртуелната реалност во нашиот секојдневен живот, беше речиси невозможно модата да го избегне овој тренд.
Од неодамна модната сфера е побогата за уште неколку брендови чии дизајни се комплетно виртуелни, а едни од нив е и хрватскиот дигитален моден бренд Tribute, кој наедно е и еден од светските пионери во областа на дигиталната мода.
Tribute дава пристап до ново ниво на искуство што е невозможно во физичкиот свет, градејќи бренд кој е подеднакво присутен во физичкиот и дигиталниот простор, како и во проширената реалност, инспириран од концептот на дигитална сопственост и неограничената креативност што се нуди во таквите простори. Tribute веќе се најдоа помеѓу објавената содржина на Forbes, Vogue, WDD, CR Fashion Book, Numero, Tatler, Highsnobiety и голем број други угледни списанија.
Тимот го сочинуваат Гала Марија Врбаниќ, Филип Вајда, Марина Јукиќ, Игор Липовац и Марта Стражичиќ, а досега освен за сопствениот бренд, тие креираа и дигитална облека во соработка со Жан Пол Готје и Каролина Херера. За Херера, освен дигитални прарчиња, создадоа и уникатна апликација која овозможува да го пробате фустанот во реално време, да ја зачувате фотографијата или видеото и да го споделите на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram