Илма Карахмет од „Х Factor Adria“ им пееше на сопствениците на брендот „Disquared2“

27 декември 2021

Пред седум години гледачите од Балканот, а и пошироко ја запознаа малата Илма Карахмет, благодарение на музичкото шоу „Икс Фактор Адриа“, каде победникот беше нашиот Данијел Кајмакоски.

Сите беа воодушевени од тоа како ова девојче пее, а и покрај неколкуте скандали кои се случија по завршувањето на шоу-то, таа ја продолжи својата музичка кариера.

Нејзиниот глас им се допаѓа и на сопствениците на познатиот бренд „dsquared2“, Дин и Дан, па неодамна беше гостинка во нивниот дом во Милано.

„Имам голема чест и задоволство да бидам гостинка на приемот на светските модни дизајнери Дин и Дан во Милано, каде ми ги отворија вратите од својот дом. Таа чест ја имам токму поради тоа што го сакаат мојот глас и пеев специјално за нив. Пресреќна сум, навистина на мојата среќа и нема крај. Некогаш помислувам дека некои работи се само сон, но сепак се случуваат кога најмалку се надевам“ - напиша младата пејачка на социјалните мрежи.

Инаку, српските медиуми претходно годинава пишуваа дека еден од сопствениците на брендот бил присутен на нејзин концерт и така започнало нивното познанство.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ILMA KARAHMET (@ilmakarahmet)

 

„Еден од сопствениците на „Dsquared2“, Дин,  ме слушнал на „Јутјуб“ и имал желба да ме запознае. Јас имав концерт во Минхен, кој беше на англиски јазик и одеднаш човекот се појави во публиката. Во сета таа возбуда и воодушевување, имав желба да му отпеам една песна, само за него и дознав која му е омилена, па така и се случи - изјави пејачката за медиумите, додавајќи дека после концертот се дружеле заедно, како и дека прашање на време е кога би се остварила некоја соработка.

И пејачката и од брендот споделија неколку фотографии и  видеа кои пренесуваат дел од атмосферата. Погледнете:

 

 

 

 

 

Објавено:
27 декември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
13.266 пати