Шеесет годишниот супермодел Иман со сигурност нема за брзо време да се пензионира, со оглед на фактот дека изгледа фантастично, негувано и привлечно, независно од нејзината возраст - а за модната индустрија тоа е секогаш добредојдено.
Нејзината манекенска кариера постојано некако се одржува во еден стабилен континуитет, благодарение на ангажманите во матичната сфера. Често имаме можност да ја видиме во кампањи на модни брендови или во фотосесии за магазините со милионски тираж.
Во последниот број на магазинот Schön! таа е божицата на насловната страна облечена во светкав кафтан и е тотално шик со кратка коса. Внатре во списанието, фотографиите стануваат уште повозбудливи, па Иман ја гледаме во моќно женствено издание во комбинација на костум со крзно или елегантен бел фустан наметнат со макси капут.
Фотографиите ги потпиша Тизиано Магни.