Ако барате идеја како да се дотерате, а притоа да блеснете за време на празничните забави, инспирација нека ви биде Ирена Спировска во трендовска празнична комбинација на ЕЛЕНА ЛУКА.
На една од претпразничните забави, што овој период од годината доминираат во сечиј календар, Ирена изгледаше префинето и дамски, во светкав дводелен костум со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА.
Сребрената металик нијанса е полн погодок што соодветствува на духот на празниците, а лежерниот крој на панталоните и сакото се поклопуваат со најатрактивните тенденции за оваа сезона.
Совршено прилагоден на сензибилитетот на секоја жена која преферира комбинации што ја соединуваат дамската естетика и актуелните трендови, овој стилски сет е вистинскиот моден избор за дочекот на Новата Година да ви биде уште поблескав.