Ирина Ѓурановиќ и Кристина Кушиќ се победници на Elite Model Look

5 декември 2014

images-2014-12-elit_model_look_pobedncie_107545264

Претставничките од Србија и Црна Гора остварија голем успех на светското финале на Elite Model Look, односно Ирина се пласираше во десетте најдобри модели, а Кристина победи и доби ексклузивен договор со модната агенција. Годинешниот избор беше посебен поради тоа што во жирито беше уредничката на италијанскиот Вог, Франка Соѕани, која ја правеше строгата селекција на манекенките.

Кристина Кушаќ Кристина Кушаќ

Светското финале се одржа на втори декември во Кина. Дел од него беа 80 манекенки, а за победник беше избрана Барбона Подзимирова од Чешка. Elite Model Look е најпрестижниот избор за топ модели во светски рамки и е заслужен за кариерата на голем број познати манекенки, меѓу кои се Жизел Бундшен, Адриана Лима, Алесандра Амбросио, Кара Делевињ и други. Секако, во листата на манекенки кои потпишале договор со модната агенција се и девојки од соседството, како што се Даниела Димитровска, Марија Вујовиќ, Симона Андрејиќ и Антонина Петковиќ.

Ирина Ѓурановиќ Ирина Ѓурановиќ

Преземено од Elle. rs

 

Објавено:
5 декември 2014
Категорија: 
Актуел