Ирина Тошева на интернационално модно шоу во Црна Гора

20 септември 2018

Под ѕидините на Стариот град, покрај Јадранското море, во организација на Montenegro Events, викендов се одржа второто издание на „Ulcinj International Fashion Nights“ 2018.

Меѓу 11 дизајнери, претставник од Македонија беше дизајнерката Ирина Тошева.

„Реакциите на публиката беа одлични, ме радува што и сите потпевнуваа и се забавуваа додека траеше ревијата. Звуците на морето при секоја пауза меѓу ревиите беше дополнителна магија“, изјави Тошева.

Со 13 модели, преплет од неколку колекции, умешно комбинирајќи ги и поврзувајќи ги со рачна доработка, Тошева создаде нова весела приказна.

Меѓу моделите имаше и две комбинации кои се најава за новата колекција есен/зима ‘18/19.

 

Фoто: Blacky

Објавено:
20 септември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
296 пати