Ирина Тошева втор пат дел од 3Д модниот настан во Дизелдорф

27 јули 2017

Нашата дизајнерка Ирина Тошева годинава по втор пат се претстави со свои креации на интернационалното 3Д модно шоу, 3D Fashion by Voxelworld and Lexus во рамките на програмата Platform Fashion, што се одржува во Дизелдорф, Германија.

Тошева беше дел од овој настан со две свои 3Д креации инспирирани од оригами техниката.

„Можноста своите модели да ги прикажеш пред голема странска публика, меѓу светски докажани дизајнерски имиња за кои си читал и си им се восхитувал, како Laura Thaphimkuna, Heidi Lee, Julia Koerner, дуото Modeclix, е огромна чест за секој дизајнер. Во соработка со Никола Кунгуловски и MK3D printing изработив два модели. Инспирирана од оригами техниката манипулирав со материјалот сечејќи и превиткувајќи го за дополнителен 3д ефект, а потоа го украсував со 3д елементи. Се' беше изработено рачно, што ми беше дополнителен предизвик", изјави Тошева за Fashionel.mk.

Getty images

Во споредба со искуството од минатата година, Ирина додава дека годинава целиот настан бил многу помасовен, а меѓу публиката од 1100 гости имало и значајни и влијателни имиња од германската модна сцена и автомобилска индустрија.

 Getty images

Getty images

Getty images

Getty images

Getty images

Getty images

Објавено:
27 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
238 пати