По бројните негативни коментари на сметка на телото на една од најбараните модели на денешницата, Џиџи Хадид, таа конечно се огласи.
После шоуто на Версаче на Миланската модна недела, светската јавност не престанува да зборува за нејзиниот изглед. Коментарите за тоа дека има преголеми гради, задник, нозе, дека е крупна и не е за да биде на писта, изгледа кулминираа, па моделката одлучи да каже што мисли.
На својот Инстаграм профил Хадид напиша искрено писмо во кое вели дека негативните коментари, сепак ја погодиле. Што друго пишува, ви пренесуваме интегрално во продолжение:
„Многу луѓе се многу брзи во давањето негативни коментари овој месец. Да, „судот“ на социјалните медиуми доаѓа од луѓето кои, 99% од времето не знаат што зборуваат, но и јас сум човек и нема да лажам, дозволив негативните работи малку да ме погодат. Сфатив дека кога ќе дојде до овој степен, важно е да размислиш зошто го правиш тоа што го правиш. Која е твојата порака. Што е она што мораш да го кажеш.
Не, немам исто тело како другите модели на ревиите. Не, не мислам дека сум најдобрата на било која ревија. Да, сакам да имам уникатно чекорење, но исто така знам дека морам да се подобрувам. Не, јас не сум ниту првиот ниту последен модел со ваква градба на тело во оваа индустрија. Можете да измислите колку сакате причини за тоа зошто сум тука каде што сум, но вистината е дека, јас напорно работам, имам самодоверба и дојдов во модната индустрија во време кога таа беше подготвена за промени. Само си ја работам работата. Ја претставувам сликата на телото што не беше прифатено во високата мода претходно и многу сум среќна што ја имам поддршката од дизајнерите, стилистите и уредниците: тие што ја познаваат оваа мода; тоа е уметност; никогаш не може да остане иста. Ова е 2015 година. Но, ако не сте дел од овие луѓе, не го исфрлатјте својот гнев врз мене.
Да - имам гради, да – имам стомачни, да – имам задник, имам многу работи, но не барам посебен третман. Вашите злобни коментари нема да ме натераат да сакам да си го сменам телото, нема да ме натераат да им кажам на дизајнерите не кога ќе ме прашаат да бидам дел од нивната ревија, и дефинитивно нема да го сменат мислењето на дизајнерите за мене. Ако тие ме сакаат во нивната ревија, јас ќе бидам таму. Ако не – тогаш нема. Така стојат работите и така и ќе биде. Ако не ви се допаѓа, тогаш немојте да ме следите на социјалните мрежи, не гледајте ме, затоа што јас нема никаде да одам. Ако го немав телото што го имам, немаше да ја имам кариерата што ја имам. Го сакам тоа што можам да бидам секси. Горда сум на тоа.
Реков и претходно... Се надевам дека секој ќе си го најде местото во својот живот кога ќе зборува за работите што ги инспирираат, отколку за работите што ќе направат другите да се чувствуваат лошо. Барем бидете отворени, барем за дел од промените, бидејќи несомнено се случуваат“, напиша Џиџи во писмото.
Што мислите вие?