Излезе како голем победник и инспирација за сите: Лила е нашата жена борец во совршено модно ЕЛЕНА ЛУКА издание

18 мај 2023

Излезе како голем победник од својата животна борба и вчеравечер со широка и искрена насмевка на лицето, го прими признанието на роденденот на УиЗ за „Најинспиративна приказна" – затоа што нејзината приказна е навистина таква, моќна и мотивирачка за сите што водат своја животна борба.

"Битката е во главата, со мислите, не е со болеста" – емотивно изјави оваа жена која беше храбра и доблесна јавно да проговори за своето патешествие од кое излезе како жена борец – победник и инспирација за сите.

Се појави како вистинска ѕвезда на настанот, блескајќи во совршен модел на ЕЛЕНА ЛУКА, брендот кој е нејзин долгогодишен пријател и совршено го познава нејзиниот моден сензибилитет.

Неслучајно одбран модел кој што по својот дизајн е смел и храбар, исто како и дамата што го носи.

Во металик-златен сјај исто како што и дамата што блеска.

Во асиметричен крој, впечатлив и уникатен – исто толку посебен како и дамата што го носи.

Лила совршена во ЕЛЕНА ЛУКА и во центарот на вниманието на една убава диско вечер во која се слави животот и сите негови убавини.

„И овој пат блескам, во секоја смила, и секако благодарение на мојата Ели и ЕЛЕНА ЛУКА. Мојата омилена реченица кога станува збор за моите ЕЛ е Тимот што победува не се менува, сите овие години. Тоа е една љубов која што трае со години и ќе трае уште долго. Пред некој ден се видов со мојата Ели си се изнаприкажавме и изгушкавме и сфативме колку нашето пријателство е искрено и силно и длабоко.

Продискутиравме за модата, за нејзиниот личен стил и како се градел низ годините:

„Да, сакам да следам што е актуелно, но сакам да имам и свој печат, а таа слобода ја имам повторно на ЕЛЕНА ЛУКА. Соработката со нив секогаш била толку коректна и професионална, секогаш ми бил оставен простор да си кажам свое мислење што ми се допаѓа... Драго ми е што секогаш има печат она што го носам, така и оваа вечер", вели Лила.

Несомнено промената со фризурата и кратката коса, имаат голема симболика за Лила, а меѓу другото совршено и прилега оваа промена.

Кратката коса е симбол на...

„На храбрите жени, на силните жени, на жените лавици„!

 

 

Објавено:
18 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.332 пати